Пон - Пет: 08:00-15:00 | Саб: 08:00-14:00 02 / 2741 000 ; 070 / 271 662
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје

НИКОБ ЛАБ

БИОХЕМИСКА И МОЛЕКУЛАРНО ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА

Никоб Лаб е опремена со најсовремена лабораториска опрема. Сите тестови се вршат на автоматски хематолошки, биохемиски и имунохемиски анализатори кои се мрежно поврзани со компјутерски систем, што овозможува голема прецизност и точност во работата. 

Никоб Лаб исто така обезбедува услуги на терен, односно услуги за земање примероци во домашни улови или на работното место на пациентот и врши доставување резултати на тестови на одредена адреса.

Добрата соработка и комуникација со корисниците на услуги е основа за постигнување задоволителен резултат. Затоа вработените во Никоб Лаб постојано се обучуваат со цел да им обезбедат на корисниците вистинска информација во секое време, од која често зависат текот и резултатот од тестот и валидноста на резултатите. Квалитетот на резултатите е апсолутен императив што се обезбедува со точно дефинирана технологија за работа во сите сегменти на лабораторискиот процес на тестирање – од прием на пациент и земање на примерок, преку извршување на самиот тест.

Она што го прави уникатно и препознатливо е брзината на издавање на резултатите – за повеќето анализи тие се добиваат во рок од неколку минути до неколку часа.

Најсовремена дијагностичка и молекуларна лабораторија

Опремени со hi-tech технологија од врвни производители на опрема и реагенси, во состојба сме да дијагностицираме здравствени проблеми од областа на репродуктивната медицина, кардиоваскуларните болести, коагулацијата, автоимуноста, како и широка палета на вообичаени биохемиски и молекуларно – дијагностички анализи.

  • Последна генерација на техники и реагенси за брзи и точни резултати
  • Иследување на сите органи и системи
  • Профилактични испитувања и дијагностички пакети
  • Следење на ковид и пост-ковид пациенти
  • Специјалистички консултации
  • Детекција и дифренцијација на SARS-CoV-2 вирусот;
  • Современи и напредни генетски тестирања;
  • Детекција и генотипизација на причинителите на инфективни заболувања;

Високо квалификуван тим од професионалци

Во Никоб Лаб работат повеќе од 20 специјалисти со високо медицинско образование со призната специјалност во клиничката лабораторија, микробиологија, вирусологија, имуно-хематологија и клиничката патологија.

Пациентите се добредојдени од страна на високо обучени и искусни лабораториски техничари.

Никоб Лаб дава можност за бесплатна консултација на пациентите за соодветно именување и толкување на конечните резултати.