Пон - Пет: 08:00-15:00 | Саб: 08:00-14:00 02 / 2741 000 ; 070 / 271 662
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје

Политика на приватност

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет-страницата, вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет-страницата, НИКОБ ЛАБ ги обработува вашите лични податоци (лични податоци за идентификација), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и производи, и само оние лични податоци што Вие лично ги внесувате при регистрација, со цел да станете корисник на услугите преку нашиот веб-сајт или кога барате да ви доставуваме информации преку адреса за електронска пошта.

Личните податоци кои се собираат зависат од тоа дали пристапувате како посетител или сте наш регистриран корисник, при што можат да се соберат следниве лични податоци: име и презиме, назив и седиште на фирма, адреса за е-пошта, телефонски број матичен број ако сте физичко лице и сл.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на ваша претходна согласност.

Како наш корисник, имате право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства за комуникација, да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци, целосно или како дел од вашите лични податоци кои претходно биле прибрани, обработувани и чувани.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на вашите лични податоци НИКОБ ЛАБ Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во НИКОБ ЛАБ Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

За сите допонителни информации, прашања или забелешки во врска со заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци можат да достават мејл до Офицерот за заштита на лични податоци на следната мејл адреса sanja.sima@nikoblab.mk

 

ПРОЦЕДУРА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА СУБЈЕКТИТЕ ПРИ ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Кои се вашите права како субјекти на лични податоци?

Право на пристап до личните податоци  

Вие имате право да побарате од ПЗУ Никоб Лаб да Ви обезбеди пристап до личните податоци кои се собрани во врска со Вас. Остварувајќи го правото на пристап, можете да добиете податоци за:

  • зошто ги обработуваме Вашите лични податоци
  • кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас
  • дали и од кои извори освен од Вас лично, собираме Ваши лични податоци
  • дали и под кои услови ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни
  • колку долго ги чуваме Вашите лични податоци
  • дали во нашето работење постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање

БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Право на исправка

Вие имате право да побарате исправка и надополнување на Вашите лични податоци. Ова право можете да го остварите во случаите кога:

  • сметате дека Вашите лични податоци не се точни или не се потполни
  • сметате дека Вашите лични податоци треба да бидат дополнети заради исполнување на целта заради која се обработуваат

БАРАЊЕ ЗА ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Право на бришење

Вие имате право да побарате од ПЗУ Никоб Лаб да ги избрише Вашите лични податоци во случаите кога:

  • личните податоци повеќе не се потребни за целта за која биле собрани;
  • субјектот на личните податоци ја повлекол својата согласност и доколку не постои законска основа на ПЗУ Никоб Лаб за обработка
  • имате вложено приговор на обработката на Вашите лични податоци
  • сметате дека Вашите лични податоци се незаконски обработени
  • малолетен/а сте, претставувате малолетник или сте биле малолетни во моментот кога вашите лични податоци биле првично собрани

Правото за бришење на личните податоци не може да биде исполнето во случаи кога ПЗУ Никоб Лаб има законска обврска за чување на личните податоци, согласно важечки закони, регулативи и прописи.

Бришењето на лични податоци на субјектот нема да се спроведе доколку обработката е неопходна:

  • за остварување на правото на слобода на изразување и информирање;
  • за усогласување со законска обврска, јавен интерес/јавно здравство или јавно овластување;
  • за целите на архивирање од јавен интерес, за научни, историски или статистички цели.

БАРАЊЕ ЗА БРИШЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Право на oграничување на обработката

Вие имате право да побарате ограничување (блокирање) на обработката на Вашите лични податоци. Ова право може да го остварите кога:

  • ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци
  • ја сметате обработката на Вашите лични податоци за незаконска
  • сметате дека податоците не му се потребни на контролорот, но потребни Ви се Вам за остварување на други правни барања
  • барате верификација за тоа дека легитимните интереси на контролорот преовладуваат над Вашите интереси како субјект на личните податоци

БАРАЊЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Право на преносливост

Вие имате право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да побарате истите да бидат пренесени на друг контролор. Ова право е применливо за лични податоци кои:

  • се обработуваат врз основа на согласност или договор
  • се обработуваат на автоматизиран начин

БАРАЊЕ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Право на приговор

Вие имате право да поднесете приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со обработката на Вашите лични податоци. Приговорот може да го поднесете за обработка на личните податоци која:

  • се заснова на јавен или легитимен интерес, вклучувајќи и профилирање
  • се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг
  • се врши за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели

ПРИГОВОР ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Право на исклучување од автоматско донесување на поединечни одлуки и профилирање

Вие имате право да барате да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматска обработка на податоци, врз основа на профилирање. Ова право можете да го остварите кога:

  • автоматското донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање предизвикува правни последици врз Вас
  • автоматското донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање има влијание врз мене како субјект на личните податоци

БАРАЊЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОДЛУКАТА ДА НЕ СЕ ЗАСНОВА НА АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ИЛИ ПРОФИЛИРАЊЕ

 

Право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци

Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста за обработка на вашите лични податоци. Ова право можете да го остварите:

  • доколку се заснова исклучиво врз основа на претходно дадена согласност за обработка на вашите лични податоци

ИЗЈАВА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ