Пон - Пет: 07:30-20:00 | Саб: 07:30-15:00 02 / 2741 000 ; 071 / 321 017
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје

НИКОБ ЛАБ од денеска со прилагодено работно време

Во согласност со новите препораки на Комисијата за заразни болести кои предвидуваат значително олабавување на мерките поврзани со пандемијата од ковид-19 согласно актуелната епидемиолошка состојба во државата и олеснувањето на мерките за патување во државите во соседството, Никоб лаб го прилагодува работното време.

Никоб лаб од денеска го прилагодува работното време во согласност со актуелната состојба, така што на дисталните пунктови наместо двосменско работно време се воведува едносменско работно време и работното време ќе трае од понеделник до петок од 8 до 15 часот, во сабота од 8 до 14 часот, а недела е неработен ден.

На пунктот во базата во Кисела Вода заради динамиката, работното време останува од понеделник до недела од 8 до 22 часот и наместо досегашните 8 шалтери, активни ќе бидат 2 шалтери  за тестирање, без закажување.

Со прилагоденото работно време остануваме брзи, квалитетни со најприфатливи цени, димензионирајќи ги услугите според актуелните случувања и потребите на граѓаните и заедниците  со најдостапна услуга и најраспространета мрежа во државата.