Можеби најважна во превенирањето на многу здравствени дијагнози, затоа што точната дијагностика е половина здравје. Брзиот технолошки развој и развојот на медицината во последните 10 години одат паралелно и направија голем исчекор на полето на превенција, дијагностицирање, а со самото тоа и лекување на болестите. Модерната технологија ја олеснува примената на медицината кај пациентите.
Со вложувањето во обезбедување на најнови и современи медицински технологии се подобрува и начинот на работа во лабораториите. Тоа значи брзи испитувања, прецизни и точни резултати.
Во Македонија сме единствени кои поседуваат најсовремена технологија која резултира со многу прецизни резултати, студиозно и методолошки изработени по сите светски стандарди и услови. Никоб Лаб е лабораторија опремена со високо квалитетна медицинска опрема која е во чекор со најсовремената технологија и нудиме широк спектар на лабораториски анализи со висок квалитет и прецизност. Работиме со Фондот за Здравствено осигурување и преку концептот Мој термин кај матичните доктори, пациентите имаат пристап на правење анализи со многу достапни фондовски цени. Имаме склучено договор со ФЗО и за изработка на биохемиски анализи, опфатени со лабораториски упати ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.
Единствени сме во државата со можност за 24/7 телефонско закажување за соодветните анализи и испитувања преку телефонскиот број 15-515, а пациентите можат да направат биохемиски и молекуларни испитувања за Хематолошки статус, Уринарен статус, протеински статус, Липиден статус, деградациони продукти, ензимски статус, електролитен статус, имунолошки статус, репродуктивни хормони, тироидни хормони, коскен метаболизам, туморски маркери, адренални и хипофизирани хормони, серолошки статус, коагулација, срцеви биомаркери, автоантитела – системски, орган специфични, антифосфолипидни, целијакија и Автоантитела Алергија, како и витамини, а многу скоро ќе промовираме уникатни лабораториски пакети.
Имаме капацитети и ресурси да правиме анализи и да земаме материјали од домовите на нашите граѓани.