Пон - Пет: 08:00-15:00 | Саб: 08:00-14:00 02 / 2741 000 ; 070 / 271 662
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје

Covid-19

COVID-19 анализи

Лабораториски испитувања асоцирани со корона вирусот кои ќе ви помогнат да ја следите вашата здравствена состојба.

 

Инфекцијата со SARS-CoV-2 вирусот се карактеризира со широк спектар на различни симптоми кај различни пациенти, а воедно и со варијабилен степен на сериозност. Во многу студии утврдено е дека пациенти кои имаат тешка и сериозна клиничка слика имаат и зголемено ниво на некои лабораториски параметри, чие што следење може да даде увид во прогресијата на болеста и понатамошната насока на лекување. Поради ова сознание, создадовме Ковид-19 пакети на лабораториски анализи наменет за позитивните пациенти во кој покрај сите основни биохемиски параметри – вклучена е и анализа на следниве маркери: d-dimers, feritin, interleukin 6 (IL-6), lactate dehydrogenase (LDH) и C-reactive protein (CRP). 

 

Согласно сериозните импликации од пандемијата со SARS-CoV-2 вирусот, а со цел сеопфатен пристап за справување со истиот од аспект на дијагностика и лекување, во Никоб Лаб се имплементирани соодветни решенија кои вклучуваат: 

  • детекција на вирусот со RT-PCR и брзи антигенски тестови;
  • следење на позитивните пациенти преку воведување на рутински анализи на важни лабораториски параметри;
  • прегледи и проценки на состојбата од страна на нашите лекари во домашни услови;
  • Ковид-19 транспорт.

Детекција на SARS-CoV-2

RT- LAMP Quiz Biochip – супер брза PCR детекција на SARS-CoV-2; PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2;  Фамилијарен пакети; Фамилијарен pooling; Детекција и диференцијација на SARS-CoV-2 соеви; Пакет – детекција на SARS-CoV-2 + Респираторен панел (детекција на 18 респираторни патогени).

Ковид-19 пакет

крвна слика; седиментација; гликемија; креатинин; тотални протеини; албумини; аспартат; аминотрансфераза (AST); аланин аминотрансфераза (ALT); лактат дехидрогенеза (LDH); железо; феритин; CRP; протромбин (PT); активиран тромбин (APTT); тромбин (TT); Д-димери; прокалцитонин (PCT); тотален билирубин; директен билирубин.

Пост Ковид-19 пакет

крвна слика; седиментација; гликемија; железо; фебритин; трансферин; креатинин; тотални протеини; албумини; аспартат аминотрансфераза (AST); аланин аминотрансфераза (ALT); лактат дехидрогенеза (LDH); гама глутаминска трансфераза; креатин; CRP; Troponin I; Sars Cov-IgG антитела; Витамин Д; Протромбин (PT); активиран тромбин (APT); тромбин (TT); Д-димери.