Пон - Пет: 07:30-20:00 | Саб: 08:00-15:00 02 / 2741 000 ; 071 / 321 017 КОВИД-19 Тестирање Пон-Нед: 07:30-22:00
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје
Мајаковски бр.3
Центар, Скопје

Анализи

Дијагностичка и молекуларна лабораторија комплетно опремена со најнова генерација лабораториска опрема

Техники и реагенси од најновата генерација со бескомпромисен квалитет – за брзи и точни резултати.

  • Последна генерација на интергриран систем и PCR тестови
  • Реагенси со бескомпромисен квалитет за брзи и точни резултати
  • Мобилни екипи за безбедно и сигурно земање на примероци во Вашиот дом или работно место

Брзи Covid-19 тестови

PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2

Супер брз PCR тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2

Имунолошки статус

имуноглобулински класи и поткласи, комплемент, CRP високо чувствителен, антистрептолизин, циркулирачки имуни комплекси, хеликобактер пилори во крв и столица;

Антитела специфични кон органи

тироидна жлезда (anti-TPO, anti-TG), црн џигер, желудник, бубрег;

Системски автоантитела

ANA, ANCA, ENA, dsDNA, ssDNA, Jo, Sm, SS-A, SS-B, Scl-70, MPO; антифосфолипидни антитела: aCL – anticardiopirin;

Панели за васкулитис

системска склероза, SLE, целијакија (anti-gliadin, anti-tTG, anti-DGP- во сите субкласи : screen,IgG, Ig), ревматски и репродуктивни (стерилитет, абортуси);

Хормонски испитувања комплет репродуктивни, тироидни и други хормони

Оваријална резерва

AMH, Inhibin-B, IGF-1, FSH, LH;

Определување на витамин – D, parathormone, osteocalcin, calcitonin, procalcitonin

Комплетни ензимски испитувања

ADA, ALP, AST, ALT, LDH, GGT, CK, CK-MB, amilaza;

Туморски и кардиолошки маркери

Хемостаза

скрининг хемостаза, испитување на тромобофилија, инхибитори на коагулација, фибринолиза, Д-димери, следење на антикоагулантна терапија;

Лабораториски дијагностички панели

за испитување стерилитет, спонтани абортуси и следење на ризична бременост;

Дијагностицирање на целијакија

Серумски маркери на ангиогенезата sVEGF-R1/PlGF

Серумски маркери на ангиогенезата sVEGF-R1/PlGF

Серолошки анализи

Комплетни биохемиски испитувања

единстсвени изработуваме GastroPanel (неопходно ипитување пред да се одлучите за гастроскопија);

Респираторен панел (детекција на 18 респираторни патогени)

HPV23. Детекција и генотипизација на 23 субтипови на HPV

STD панел. Детекција на 7 сексуално преносливи патогени микроорганизми

Подготовка на пациент

Правилна подготовка за венепункција (вадење на крв)

За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок (на празен стомак) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на гликоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

Еден ден пред лабораториските анализи:

– Треба да консумирате лесна храна (најдобро варена, не пржена, не скара); 

– Храната да не е богата со масти и шекери (мајонез, овчо сирење или кашкавал, јагнешко или свинско месо, чоколади, парени колачи, торти);

– Последниот оброк да не е обилен и да е најдоцна до 18 часот;

Пред да дојдете во лабораторијата за земање на крв за изработка на анализи:

– Треба да бидете гладни 10 – 12 часа

– Не треба да консумирате било каква храна, кафе, чај, алкохол, цигари;

– Можете да пиете вода (по потреба);

Пред вадењето на крвта

– Треба да се избегнува физичка активност, затоа што влијае на зголемувањето на нивоата на поединечни ензими ( пр. CK и LDH ).

– ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИНФОРМИРАЈТЕ ГО МЕДИЦИНСКОТО ЛИЦЕ ДОКОЛКУ ЗЕМАТЕ НЕКАКВА ТЕРАПИЈА, ДУРИ И ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА.

 

Треба да се знае дека вадењето на крв за пролактин, кортизол, ACTH, катехоламини, мора да се изведува во состојба на потполна релаксација и мирување (лежење) од 20 – 30 минути. Ова се хормони кои покажуваат изразено дневно варирање т.е. време и профил за вадење на крв и нивното испитување треба да го одреди самиот лекар.

За пациентите кои се на ОРАЛНА АНТИКОАГУЛАНТНА ТЕРАПИЈА се препорачува вадење на крв во утринските часови и земање на вообичаената терапија после вадењето на крвта. Ова важи и за пациентите кои се на било која хронична терапија.

За да се добијат веродостојни резултати, во договор со Вашиот лекар, земањето крв треба да се врши после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот ) – ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и др.

ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ЗЕМААТ ВИТАМИНСКИ ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА!

ДОКОЛКУ ЗЕМАТЕ ВИТАМИНСКИ ДОДАТОЦИ ОД ГРУПАТА НА Б ВИТАМИНИ, А ПОТРЕБНО Е ДА НАПРАВИТЕ АНАЛИЗИ НА ХОРМОНИ, ТУМОР МАРКЕРИ И СЛ., ПОТРЕБНО Е ДА ГО ПРЕКИНЕТЕ ВНЕСОТ НА ОВИЕ ДОДАТОЦИ (ВИТАМИНИ) 7-10 ДЕНА ПРЕД ПОСЕТАТА ВО ЛАБОРАТОРИЈА, ЗАРАДИ МОЖНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЛАБОРАТОРИСКИТЕ АНАЛИЗИ.

Упатство за земање материјал за анализи во фецес

  • Пациентот ги мие рацете и ги брише со крпа за една употреба.
  • Примерокот (фецес) го зема веднаш по дефекацијата, околу 1 кубен см, од повеќе места : слузави, гнојни, крвави, со лажичката од стерилниот сад.
  • Примерокот се става во стерилен сад.
  • Без да се загади капакот, садот добро се затвара.
  • Се доставува во лабораторија најдоцна за 4 часа.
  • Кај доенчиња примерокот се зема од пелена на истиот начин.

Упатство за земање на материјал на урина

За преглед на урината неопходно е да се земе после лична хигиена (тоалета со топла вода и сапун).

За анализа на уринарен статус се користи првата утринска урина земена во стерилен сад. Земениот примерок урина треба во најкраток можен рок да се донесе во лабораторија.Доколку не сте во можност да ја донесете веднаш во лабораторија, урината може да се стави во фрижидер. Анализа на примерокот од урина треба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.

За анализи при кои се одредува 24 часовна урина ( целодневна) треба да испиете 6 до 8 чаши вода ( околу 1.5 L ). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише (најдобро од флаширана вода). Првото утро на собирање на урината, најпрво комплетно испразнете го мочниот меур, ФРЛЕТЕ ја таа урина и забележете го времето. Собирајте ги СИТЕ примероци на урина во текот на денот и ноќта во пластично шише. Точно 24 часа од почетокот на собирањето, комплетно испразнете го мочниот меур и целата урина додајте ја на претходната количина. Овој последен примерок ја комплетира Вашата 24 часовна урина.

Тест за оптоварување со глукоза

Тестот на оптеретување со глукоза се прави во лабораторија, во траење од 120 – 180 минути (во зависност од протоколот кој го барал Вашиот лекар). За време на изведувањето на самиот тест пациентот треба да мирува, не може да јаде, пие и пуши. Неколку дена пред изведувањето на тестот пациентот треба да е на урамнотежена исхрана и не би требало да се изложува на поголеми физички напори. Би требало да се прекине со земање на поедини лекови кои влијаат на метаболизмот на гликоза ( пр. кортикостероиди ), но само во договор со лекарот.

Глукоза толеранс тест (OGTT)

  • Најмалку 3 дена претходно пациентот треба да се придржува до вообичаената исхрана со внес на јаглени хидрати најмалку 150 – 200 грама дневно.
  • Пациентот продолжува со  вообичаената физичка активност.
  • Доколку е можно да се прекине користење на лекови и препарати, кои делуваат на метаболизмот на глукозата : диуретици, лаксанти, сулфонамиди, кортикостероиди, хормонски котрацептиви, никотинска киселина, хормони на штитната жлезда,нестероидни антиревматици.
  • Тестот се прави најмалку 3 дена пред менструален циклус.
  • Тестот се прави наутро, на гладно.
  • OGTT се изведува за време од 3 часа.
  • Задолжително е пациентот за време на изведување на тестот да биде присутен во лабораторија, да мирува и да не внесува храна и течности.

Совети за подготовка на пациенти за микробиолошки испитувања

Припремата на пациенти за земање на примерок за микробиолошко испитување е од посебно значење, бидејќи може значајно да влијае на резултатите од испитувањето. Сите примероци треба да се земаат пред започнување на антибиотска терапија или неколку дена (најмалку 48h) по прекинот на истата.

Уринокултурата е најчестата анализа во микробиологијата. Подготовката за давање на урина за уринокултура е особено значајна кај жените и малите деца. Потребно е миење на надворешните гениталии со млака вода и сапун, така да млазот оди од напред према назад. Потоа кожата да се исуши, без мачкање на било какви креми. Подготовката за давање на урина за уринокултура кај мажите исто така подразбира миење на гениталиите со млака вода и сапун. Особено внимание треба да се обрати кај децата да се врати кожата на препуциумот и потоа да се измие. Бидејќи првиот млаз на урина практично ги одмива бактериите од кожата и бактериската флора од уретрата, во стерилен сад се зема исклучиво средниот млаз, при што е доволно чашата да се наполни до една третина од нејзиниот волумен. Кај децата исто така е пожелно да се обезбедат услови да можат да мократ директно во стерилниот сад, но ако тоа не е можно, исто така треба да се направи хигиена на надворешните гениталии, да се стави кесичка и да се контролира кога детето мокрело. Тогаш треба да се тргне кесичката и да се донесе во лабораторијата.

Кога е можно, примерокот на урина треба да се зема наутро, така што пациентот во текот на ноќта не уринира пред да ја даде урината. Со оглед на тоа дека урината е добра хранлива подлога за развој на бактерии, треба што побрзо да се достави во лабораторијата или да се чува во фрижидер додека да се однесе во лабораторија. Доколку хигиената на гениталиите не е добро извршена или ако урината стоела долго време на собна температура во културата ќе се појават голем број на мешани бактерии од кожната, вагиналната или цревната флора.

За испитување на присуство на хламидија, микоплазма или уреаплазма во урината потребно е да се даде првиот млаз ( прв утрински млаз ) кој обично ги собира епителните клетки на уретрата во кои се наоѓаат овие микроорганизми. Ова најмногу се однесува на мажите, бидејќи кај жените за изолација на овие микроорганизми се зема цервикален брис.

При сомнеж на уретитис било да е презивикан од бактерии, хламидија, микоплазма или уреаплазма, се зема уретрален брис и тоа наутро пред мокрењето, а ако тоа не е можно, тогаш кога било во текот на денот, но така да помеѓу последното мокрење и земањето на брисот да поминат најмалку 2 часа.

Брис од грло треба да се зема наутро, пред миење на забите или земање на храна и вода. Доколку мора да се земе во текот на денот, потребно е да поминат барем 2h од последното земање на храна и пијалоци.

Брис од нос треба да се зема пред примена на антибиотска терапија и барем 3 – 4 часа од последното испирање (издувување) на носот. Најдобро би било за микробиолошки преглед да се собере секрет од носот, особено ако е густ и обоен, бидејќи тоа говори во прилог на бактериска инфекција, за разлика од провидниот и воденикаст секрет кој обично ја прати вирусната инфекција.

При земањето брис од грло и нос кај деца, родителите треба да го држат детето во крило, едната рака да се стави преку двете негови раце, а другата рака да му ја стават на чело и така да се придржува главата додека стручното лице му зема брисеви.

Искашлок (sputum) за микробиолошка анализа најдобро е да се зема наутро, пред земање на храна или испирање на устата со дезинфекциони средства и секако, пред започнување со антибиотска терапија. Устата претходно се плакне со обична вода, која се плука а потоа пациентот искашлува длабоко што повеќе искашлок во стерилен сад. Паралелно со анализата на спутумот треба да се направи и брис на усната шуплина. Постојат критериуми на чија основа микробиолошкиот преглед на примерокот под микроскоп заклучува дали примерокот е адекватен, односно дали наместо секрет од бронхиите е дадена плунка, а таков примерок не може да даде валиден резултат, па не би требало понатаму да се разгледува.

Генитални брисеви

›          Вагинални и цервикални брисеви (пациентката не би требало да има сексуални односи 24 часа пред земањето на брисевите).

›          Уретрални брисеви (пациентот не би требало да уринира барем 1-2 часа пред земање на брисот