Пон - Пет: 08:00-18:00 | Саб: 08:00-14:00 02 / 2741 000 ; 071 / 321 017 КОВИД-19 Тестирање Пон-Нед: 07:30-22:00
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје

Промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0 до 18 години успешно ја завршуваме

Лабораторијата „Никоб лаб“ во февруари ја започна промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0 до 18 години по индикација, со цел да им помогне на семејствата кои беа во тешка економска и здравствена состојба предизвикана од сериозната епидемиолошка состојба во државата, предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Промоцијата почна на 18.2.2022 година и завршува утре 25.03.2022 година.

Во овој временски период направени се вкупно 318 тестови, а од нив детектирани се 106 позитивни лица.

„Докажавме дека сме општествено одговорна установа и со оваа бројка на тестови и скринингот кој го добивме, значително помогнавме на здравствениот систем и на семејниот буџет, а тоа ни дава за право и во иднина да промовираме услуги кои ќе бидат од голема помош на сите граѓани“, велат од „Никоб лаб“.

Leave a Reply