Пон - Пет: 08:00-15:00 | Саб: 08:00-14:00 02 / 2741 000 ; 070 / 271 662
Бул. Борис Трајковски бр.62
Кисела Вода, Скопје

Доделена Благодарница на Никоб Лаб

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – „РАСТ“ преку претседателот Петровски и врачи симболична плакета на Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска Вучковиќ – директор на Никоб Лаб, за партнерскиот однос, несебичната поддршка и придонес во унапредувањето на грижата за сите деца и децата со нарушувања во растот.

Александар Петровски е претседател на здружението „Раст“ кое функционира како непрофитна организација, а ги претставува правата на сите деца и возрасни со нарушувања во растот, односно лица кои се на хроничната хормонска терапија за раст.

Давањето поддршка и помош во реализација на активности на здруженија од овој тип e важно за Никоб Лаб. Со драго срце поддржуваме вакви проекти сѐ со цел да придонесеме кон подобрување на социјалната благосостојба и начинот на живот на одредена група на луѓе.

Нашата поддршка и помош секако нема да ги реши сите потреби на здружението „Раст“ во нивната намера да им помогне на сите луѓе од Македонија кои се соочуваат со нарушувања во растот, но се надевам дека ќе биде поттик за останатите. – истакна д-р Татјана Баевска Вучковиќ.